За украсување на велигденските јајца можете да ја искористите и пената за бричење која во комбинација со прехрамбена боја – на јајцата ќе им даде мраморен ефект. Во продолжение дознајте како да ги направите ваквите јајца.

Потребни состојки:

-крем/пена за бричење

-винска киселина

-прехрамбени бои за колачи

-гумени ракавици

-чепкалки за заби

-стар плех за колачиња или некоја подлабок сад кој не го користите.

ПОСТАПКА:

1.Сварете ги јајцата и изладете ги.

2.Во пластичен сад налејте малку оцет, ставете ги јајцата и добро натопете ги од сите страни.

3.Ставете ги јајцата на чинија и оставете да се исушат на воздух.

4. Врз целиот плех нанесете пена за бричење во дебел слој.

5.Потоа врз пената наросете боја за храна.

6.Со чепкалка или стапче поврзете ги боите со пената за бричење.

7.Ставете ракавици, земете ги јајцата и од сите страни натопете ги во обоената пена.

8.Јајцата оставајте ги врз хартија за печење и почекајте пената да се исуши.

9.Избришете ги остатоците од пената со хартиена салветка.

Во видеото погледнете ја целата постапка: