Фануропита е колач кој се приготвува во чест на Свети Фануриј, заштитникот на учениците и студентите. Оваа погача се приготвува често, но задолжително на денот на Свети Фануриј, кога се носи во црква за да биде испеана. Со оваа погача треба да се замисли желба која сакате да ви се исполни.

Во Прилеп за овој празник црквите се преполни со овие погачи кои се прават посни и само од 9 состојки. Под овој рецепт кој содржи квасец, можете да го прочитате и вториот кој се приготвува без квасец, со прашок за печиво.

Потребни состојки: 500 г брашно, вода за замесување, 1 мала чашка крстена вода, 2-3 зрна смелен темјан, 150 г шеќер, 1 свеж квасец, 2-3 лажици масло, 1 мала лажичка, сол и 100 г сусам.

Постапка: Квасецот се растопува во млака вода со малку шеќер и брашно. Од сите состојки се замесува средно меко тесто кое се остава на топло да се одмори и удвои.

Се размесува и се прави погача, со форма по желба, но одозгора мора да се направи крст и да биде украсена по желба. Повторно се остава да стасува, па потоа се пече на 180-200 степени, во зависност од рерната, додека убаво да зарумени.

Погачата Фануропита го добила името по младиот светец Фануриј кој живеел на островот Родос. Се приготвува кога имате некаква потреба, нешто изгубено, или работа, љубов, стан… му се молите на Свети Фануриј, го правите овој колач, а светецот ќе ви ја исполни вашата желба. Ова е народното верување и обичај.

Потребни состојки: 1 шолја сок од портокал, 1 шолја маслиново масло, 1 шолја шеќер, 1 лажица цимет и каранфилче, 2 лажички прашок за печиво, 1 лажичка сода бикарбона, 500 г брашно, 1 шолја фанта, 150 г суво грозје, рендана кора од портокал, масло за премачкување, сусам за наросување, бели бадеми, не мора, шеќер во прав, не мора

Постапка: Во еден сад измешајте сок од портокал, маслиново масло, шеќер, цимет, каранфилче, сода бикарбона, прашок за печиво и брашно со фантата додека да добиете мазна смеса.

На крај додајте суво грозје и рендана кора од портокал. Намастете тркалезен плех или калап и наросете го со сусам. Прелијте ја смесата и украсете со бадеми доколку сакате. Печете на 180 степени, околу 50 минути. Кога е готова и кога ќе излади, сечете ја според преданието на 40 помали парчиња и наросете со шеќер во прав.

Кратка приказна за Фануропитата: тоа е прекрасен посен традиционален колач или погача која се приготвува во чест на светецот Фануриј. Неговата мајка била зла жена и кога таа умрела никој не се молел за нејзината душа.

Фануриос, кој бил честито и добро момче, на сите им помагал, а своите услуги не ги наплатувал, туку ги молел луѓето да го молат Господ да и ги прости гревовите на неговата мајка. Во негов спомен и за покој на душата на неговата мајка, жените од островот Родос започнале да го прават овој колач.

„Фанероно” значи да се покаже, да се прикаже нешто, па така останал обичај, кога нешто ќе се изгуби да се направи овој колач за поскоро да се најде изгубениот предмет. Колачот се прави од 7 или 9 состојки.

Коментар на Risto Ljala Cakarov: „300 мл фанта, 300 мл сок од портокал, 150 мл масло, 150 г шеќер се матат со маталка или миксер кратко време, па се додава 1 лажиче сода бикарбона, 1 прашок за печиво и 600-700 г брашно, цимет, ореви и суво грозје.

РЕЦЕПТ НА ОРХИДЕЈА СО ВИДЕОПРЕЗЕНТАЦИЈА:

250 мл сок од портокал + рендана кора од портокал
250 мл фанта или газирана вода
130 млл масло
120 г шеќер
1 лажичка цимет
1 прашок за печиво
500 г брашно
150 г суво грозје
150 г ситно сечкани ореви или лешнии, бадеми…

ПОСТАПКАТА поглледнете ја ОВДЕ.