Ова е фантастично предјадење кое се приготвува додека да трепнеш. Ароматично предјадење кое можете да го приготвите за само 5 минути.
Потребни состојки:
8 јајца
200 г сирење
5 лажици мајонез
4 чешниња лук
Постапка:
Јајцата тврдо сварете ги и излупете ги. Потоа изрендајте ги.
Додадете дробено сирење и четири изрендани или ситно исечкани чешниња лук.
Потоа додадете пет лажици мајонез и убаво промешајте за да се изедначи смесата.
Од смесата формирајте топки и декорирајте ги со лист од магдонос.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: