Рецепт и видео презентација на “Гала Фуд” (Gala Food) – Фантастичен пица ролат.

Вкусен ролат кој исто така е декоратин, па освен како брз и лесен оброк, може да послужи и како убаво предјадење или закуска пред главното јадење. за да се приготви потребни се 8 готови кори за пита и смеса за премачкување на корите. се филува со основните пица-состојки, кечап, шунка и кашкавал. Еве што уште ви е потребно:

Потребни состојки:

4 јајца, 150 г кисела павлака, 2, лажици масло, 2 лажици брашно, ½ лажичка прашок за печиво, малку сол, а исто така, ќе ви бидат потребни и 8 листови готови кори

За фил: кечап, 150 г шунка исечена на листови, 150 г кашкавал исечен на листови

Постапка:

Во подлабок сад изматете четири јајца со маталка, па додадете 150 г кисела павлака. Изматете додека да се соединат, па додадете 2 лажици масло, 2 лажици брашно, половина лажичка прашок за печиво и малку сол. Продолжете да матите додека да се изедначат состојките.

За овој ролат ќе ви бидат потребни 8 листови/готови кори а за секој лист ќе ви бидат потребни околу 2-3 лажици од смесата за премачкување.

Првиот лист преку целата површина премачкајте го со три лажици од приготвената смеса и поклопете го со втор лист. И овој лист исто така премачкјате го, па преклопете го со трет лист.

Откако ќе го премачкате и третиот лист, одозгора нанесете кечап и убаво со четката премачкајте го преку целата површина. Потоа поклопете го со уште два листа, исто така секој премачкан со смесата.

Врз петиот лист наредете 150 г шунка исечена на тенки листови. Пополнете ја целата површина, а одозгора наредете уште два листа готови кори, секој премачкан со смесата. Потоа наредете кашкавал исечен на тенки листови. Потоа ставете ја осмата, последна кора, па и неа премачкјате ја со смесата.

Малку подвиткајте ги краевите од потесната страна на правоаголникот, па започнете внимателно да го виткате ролатот од подолгата страна.

Ставете го во плех обложен со хартија и одозгора премачкјате го со остатокот од преливот и наросете со сусам или семки по желба. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.