Потребни состојки:
800 г мелено месо
2 мали печива (парчиња леб, кифли или земички) издробени на трошки
2 лажици кисела павлака
1 јајце
2 лажици ситно сечкан магдонос
4 раце (шаки) презла / лебни трошки
Вегета, сол, црн пипер
2 лажички црвен пипер во прав
1 чешне лук
За сос:
1 лажица брашно
200 мл млеко
100-200 мл јогурт или повеќе
3 лажици кисела павлака
1 лажица сечкан магдонос
2 чешниња лук
Постапка:
Во поголем сад добро измешајте ги сите состојки, па со рацете правете мали валјачиња како ќебапи со должина од 5 см, дебели 2 см. Секое валјаче валкајте го во брашно, јајца и лебни трошки, па похувајте ги во длабоко врело масло.
Валјачињата полесно ќе ги обликувате ако смесата е малку покомпактна, па слободно додадете уште презла ако забележите дека е премеко. Мој совет е прво да ги направите сите валјаци, па потоа да ги панирате. Мене ми така поедноставно.
За сос: на малку масло кратко пропржете брашно, па веднаш залијте млеко и мешајте со жица за матење за да не се направат грутчиња. Кратко нека се зготви, па намалете го огнот и додадете јогурт и кисела павлака, сечкан магдонос и испасирано лукче. Зачинете по желба.
Топлите пржени ваљачиња прелијте ги со топлиот сос.