Коментар на задоволна читателка А.Х.:„ Ви благодарам за рецептот, го направив кремот затоа што ја сакам природната козметика, но искрено не очекував нешто cпектакyлаpно.

Го користев четири дена по ред и фаcциниpaна сум од резултатите. Фините линии што ги имав вообичаено од екcпpecии – сега ги нема, особено оние околу очите, а кожата се чини како да е избледена. Го препорачувам овој рецепт 100%




РЕЦЕПТ: Ќе ви бидат потребни неколку суви каранфилчиња. Јас користев поголема количина, бидејќи ми беше потребно и за други рецепти. Потребно е да ги сомелете во моќен блендер и да добиете прав.

Може да користите и готов производ – карнафилче во прав, но секогаш е добро вие сами да ги мелите ваквите зачински билки, бидејќи се поздрави и полековити. Мелените производи имаат доста изгyбено од етеричните масла и во голем процент се оксидирани.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БОТОKC-КРЕМ (количините можете да ги намалите): 3 супени лажици мелени кранфилчиња и 250 мл вода да се сварат. Од сварената и процедената течност се користат 4 супени лажици; 1 супена лажица кокосово масло или глицеринско масло, 5 супени лажици алое вера гел

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПИЛИНГ: 3 супени лажици мелени кранфилчиња (искористени од претходниот рецепт), 2 супени лажици маслиново масло / бадемово масли или кокосово масло




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете три супени лажици мелено каранфилче и прелијте со една чаша вода и ставете на умерен оган да се загрее. Штом зоврие смесата, намалете ја температурата на најтивко и варете уште 3-4 минути.




Ќе добиете течност која е слична на кафе. Процедете ја низ густа газа или памучна кујнска крпа. Потребно е навистина добро да се процеди и да нема никакви ситни гранули од каранфилчето кои подоцна би можеле да направат абразија на кожата.




Од она што ќе остане, од меленото каранфилче, можете да направите прекрасен пилинг со кој ќе ги отстраните м ртвите клетки од надворешниот слој на кожата од лицето и вратот. За таа цел во еден сад ставете 3 лажици мелен прав од каранфилче, додајте 2 лажици шеќер и промешајте.




Во мешавината од каранфилче и шеќер додајте две супени лажици масло кое ќе го одберете според вашиот тип на кожа или кое најмногу ви одговара (маслиново, бадемово или кокосово масло). Јас ставив ладно цедено, девствено маслиново масло.




Измешајте добро додека сите состојки да се изедначат. Овој пилинг можете да го користите за лице врат, но и за целото тело. Едноставно нанесете го и нежно, со кружни движења протријте го за да обезбедите микроциркулација и отстранување на нечистотијата и м ртвите клетки.

После пилингот кожата исплакнете ја со чиста вода. ќе забележите дека таа е многу помазна и помека од обично. Овој пилинг се користи двапати неделно.




ЗА БОТOKC-КРЕМ: Во еден сад ставете четири супени лажици од сварената и процедена течност од каранфилчиња, па додајте една супена лажица кокосово масло или глицеринско масло и пет супени лажици алое вера гел (ако имате дома кактус, може да користите и свеж гел добиен од листовите).




Добро промешајте додека да се изедначи смесата. Најдобро е да мешате со дрвена или пластична лажица. Добиената смеса складирајте ја во соодветни кутивчиња и чувајте ги добро затворени во фрижидер, една недела. Кремот нанесувајте го на чиста и сува кожа од лицето и вратот со помош на козметичка четка или памукче.




Може да се нанесува на областа околу очите. Најдобро е да се нанесува навечер за да и се овозможи дејство преку целата ноќ. После нанесување на овој крем нежно масирајте додека целосно да се апсорбира, па потоа нанесете го вашиот вообичаен ноќен крем. Наутро кога ќе станете од спиење измијте го лицето и нанесете хидрантен крем. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.