Одлични за родендени и слави кога ни се потребни многу разновидни печива. Се приготвуваат брзо а имаат фантастичен вкус. Меки, сочни, мини питички.
Потребни состојки:
500 г тенки кори
350 г ситно сирење
2 лажици кисела павлака
2 јајца +1 за премачкување
200 мл вода
100 мл масло
Сол, ако сирењето не е солено
Сусам
Постапка:
Измешајте сирење, павлака, 2 јајца и посолете по вкус.
Водата и маслото посебно измешајте ги. Мачкајте три кори со овој прелив, на третата ставете сирење, свиткајте и исчете мали полжавчиња.
Редете на тепсија обложена со хартија за печење. Секоја питичка премачкајте ја со изматено јајце, поросете со сисам и оставете 20 минути да одморат и впијат.
За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени, па питичките печете ги околу 20 минути или додека да поруменат.