Од евтини состојки направете одлични колачиња со плазма и чоколадо. Изгледаат како да се направени во врвна слаткарница, па можете да ги носите и како подарок на гости. Од само четири многу вкусни состојки пригответе ги овие колачиња од кои сите се воодушевени.

рецепт 1

Комбинацијата од банани, кикирики, плазма бисквити и чоколадо е просто идеална, а постапката за приготвување е толку лесна и едноставна што успеваат да ги направат дури и почетници во кујната. Овој рецепт е одличен да си го имате при рака, особено кога се ближи некој празник, но и за секојдневно сладење. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 банани (200 г), 200 г мелени бисквити (плазма), 100 г печени несолени кикирики, 200 г млечно чоколадо.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити (плазма, бевита или некои по ваш избор, може и со какао), 125 г несолен путер или маргарин, 100 мл млеко (за посна варијанта сок од портокал), 50 г јафа кекси/6 парчиња + 1 кесичка ванилин шеќер по желба

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г пишкоти (долгнавести, а дебелки бисквити), 50 г нутела (еурокрем или друг лешников крем по ваш избор), 200 мл млеко, 30 г кокосови снегулки, 200 мл слатка павлака за шлаг + 1 супена лажица нутела.

рецепт 3




ПОСТАПКА за рецепт 1: најпрво бананите испасирајте ги во пире, а потоа и бисквитите сомелете ги во блендер и соединете ги во еднолична смеса, а потоа додајте ги ситно сечканите кикирики, претходно истостирани.

Мешајте додека да добиете изедначена, хомогена смеса. Од оваа смеса можете да обликувате какви сакате облици, а ние се одлучивме за плочки. Ставајте смеса во калап, добро втиснете и оставете во фрижидер да се стегне, приближно половина час.




Чоколадото растопете го во микробранова печка или на пареа, па секое колаче потопувајте го во чоколадото и оставајте го на решетка за да се исцеди и стегне. По желба, дополнително можете да ги украсувате со мелени или сечкани кикирики, кокосово брашно, плазма и слично, но нам ни се елегантни токму вакви какви што се. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: измешајте ги мелените бисквити со ванилин шеќерот, па додајте го растопениот путер (на пареа или во микробранова печка). Промешајте, па започнете постепено да го додавате млекото. Прво мешајте со лажица, а потоа може и со рака.

Смесата треба да биде компактна и лесно да се обликува. Истресете ја врз парче проѕирна фолија и со помош на дланките обликувајте тенка правоаголна кора со дебелина приближно од 5-7 мм, но може од неа да обликувате и облици по ваша желба.




Во средината наредете ги јафа кексите (ресана), а потоа со помош на фолијата опфатете ги двата краја и завиткајте ја кората во облик на ролат. Оставете го во замрзнувач да се стегне 20-тина минути, а потоа сечете го на парчиња. Следи постапката за третиот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 3: направете сендвичи од две пишкоти филувани со нутела. Едноставно, земете една пишкота и нанесете една или две лажички нутела, па премачкјате ја преку целата површина од рамната страна. Поклопете со друга пишкота.




Секој „сендвич“ кратко натопувајте го во ладно млеко, а потоа валајте го од сите страни во кокосово брашно. Доколку повеќе ја сакате „тирамису“ варијантата, наместо млеко, потопувајте ги во јако сварено и оладено кафе или еспресо, а доколку повеќе ја сакате овошната нота, потопувајте ги во сок од портокал или некој друг овошен сок по ваш вкус.




Во подлабок сад сипете ладна слатка павлака и додајте една лажица нутела. Матете со миксер додека да добиете кремаст шлаг. Наместо овој крем, за тирамису варијанта може да употребите маскарпоне или друго крем сирење, па да изматите со малку нутела. Кремот наполнете го во готварски шприц.




Колачите ставете ги во соодветни хартиени корпички за таа намена. Врз секој колач нанесете брановидно од кремот и одозгора наросете чоколадни трошки. За „тирамису“ варијанта користете какао во прав просејано низ ситна цедалка. Доколку повеќе ги сакате брзите колач од 4 состојки со облик на топчиња, неколку рецепти можете да прочитате ОВДЕ.