Евтин, многу брз и сочен колач со кокос…За неколку минути е готов, се топи во уста…За сите љубители на кокосот, ова е вистинско уживање! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
4 јајца,
8 лажици шеќер,
1 ванилин шеќер,
6 лажици брашно,
1 кесичка “2 во 1” кафе,
1 лажица какао,
1 прашок за печиво,
100 мл масло и
100 мл вода.
За крем:
1 литар млеко,
7 лажици остро брашно,
150 г шеќер,
150 г путер или маргарин,
150 г кокос.
И уште: кокос за наросување
Постапка:
Секогаш кога приготвувам колачи кои содржат крем кој мора да се излади па да му се додаде путерот, тогаш најпрво го правам кремот, па дури потоа кората за во меѓувреме тој да се излади.
Значи, прво помешајте го брашното со 200-300 мл ладно млеко. Треба да добиете смеса без грутчиња, а остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете го да зоврие.
Смесата со брашното истурете ја во врелото млеко со постојано мешање и гответе додека да згусне. Потоа тргнете го кремот настрана за да излади.
За кора: изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата со миксер, да згуснат како крем. Измешајте го брашното, какаото, прашокот за печиво и кафето “2 во 1”. Постепено, лесно мешајќи, додавајте во изматените јајца.
На крај, многу полека додадете и промешајте масло и вода. Во тепсијата ставете хартија за печење, па преку неа излејте ја приготвената смеса за кора.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути или проверете со чепкалка дали е печено.
Кога кремот е изладен, во него додајте путер омекнат на собна температура, па добро изматете со миксер. Ќе добиете многу убав воздушест крем. На крај додајте го и кокосот.
Кога кората е печена прекријте ја тепсијата со некоја тацна, па превртете ја за да падне кората на неа.
Отстранете ја хартијата и рамномерно размачкајте го кремот врз неа. Одозгора посипете кокос, па ставете во фрижидер убаво да се ислади. Потоа сечете го на коцки и послужете. Рецепт на Сања Мајор.