Опасниот растворорувач може да ги иритира очите, да ги замати рожниците, да предизвика вртоглавица и мачнина. Од етил – ацетатот се кашла, а од метилетилкетонот се врти во глава и заспива.
Производите за отстранување на лактот од нокти по правило се смеса растворувачи чија задача е да го раствори лактот во вид на филм кој се состои од нитроцелулоза, разни смоласти состојки, пластификатори, бои…
Ацетоните освен стариот лак, ги отстранува и маснотиите од ноктите што доведува до нивно исушување.
Како последица на тоа може да дојде до раслојување на ноктите и нивно пукање и кршење.
Меѓу најчестите отстранувачи на лак за нокти спаѓа ацетонот, препознатлив по силниот и карактеристичен мирис кој се користи во производството на лакови за нокти и е нивни составен дел. Поради интензивниот мирис речиси е заменет со етил-ацетатот, исто така добар растворувач, кој го има на пример во вината, а настанува со спојување на алкохолот и оцетот од виното.