Лукот е дел од фамилијата Allium, во кој исто така припаѓаат кромидот, празот и власецот. Некои од останатите членови на оваа фамилија имаат исти здравствени својства како и лукот.




Медицинските истражувања го поврзуваат лукот со низа здравствени благодети. Меѓутоа, некои студии сугерираат дека најздрав е сировиот, иако во лековита храна спаѓа и готвениот лук.




Истражувачите од Медицинскиот факултет од Универзитетот Емори откриле дека компонентата од луковото масло, диалил трисулфид, помага во заштита на срцето после претрпен срцев у дар и после опера-ција на срцето.




Докажано е дека лукот го намалува кр-вниот притисок кај лица со хипертензија (висок притисок). Иако ефектите на лукот се споредливи со стандардните лекови за кр-вен притисок, се открил еден интересен податок.




Имено, кај лица кои имаат недостиг од витамин Б, може да се случи да го нема посакуваниот ефект на лукот. Поради тоа, потребно е редовно да се следи состојбата и да се мери притисокот, за да може точно да се одреди терапијата.




Исто така, било утврдено дека маслото од лук штити од кардиомиопатија, вид на хронична болест на срцето која е водечка причина за с мрт кај па-циенти со дијабетес (шеќерна болест).




НАМАЛЕН РИЗИК ОД ИНФЕКЦИИ. Лукот кај народот најмногу е познат по тоа што го намалува притисокот, но и по неговите антибактериски, антивирални и антигабични својства.




Едно истражување покажало дека алицинот, кој воедно е и главна компонента на лукот кога тој ќе се исечка, има антивоспалителни својства и делотворен е против широк спектар бактерии, вклучително и Е.коли.




Исто така, било утврдено дека алицинот има антифунгални својства, вклучително и кај присуство на кандида која предизвикува габична инфекција. Неговото антипаразитно дејство помага во бор-бата против цревни паразити.




НАМАЛЕНО ЗГРУТЧУВАЊЕ НА К РВТА. Голем број истражувања откриваат дека лукот може да ги намали шансите за создавање на кр-вни згрутчувања, тромби. За да има подобро дејство, потребно е половина или цело чешне да се голтне како апче, наутро на гладно, со јогурт или кисело млеко.




НАМАЛЕН РИЗИК ОД РАК. Некои студии го поврзуваат лукот со намален ризик на одредени видови кар-циноми, особено на дебелото црево, рак на желудникот, како и рак на бели дробови.