Хулахопките и еластичните хеланки се секојдневие на секоја жена. Но честопати се случува после излегувањето да ја забележите штетата настаната поради вашите остри нокти или пак едноставно сте се „закачиле“ од нешто, а тоа умее да ни го расипе цел ден.
Сепак со помош на овој едноставен трик можете да го продолжите рокот на хулахопките и тие да ви траат барем трипати подолго.
Се што треба да сторите е:
1. Новите хулахопки натопете ги во вода и добро процедете ги.
2. Ставете ги во пластична кеса и оставете ги во фрижидер преку ноќ.
3. Утредента извадете ги и оставете ги на собна температура.
На сите хулахопки потребно е да го направите трикот само еднаш. Потоа, големи се шансите дека ќе ги износите цела сезона без проблем.