Смоквите се едно од омилените летни задоволства и исто така имаат многу потенцијални придобивки, вклучително и промовирање на дигестивниот систем и здравјето на срцето.
Како што објаснуваат диететичарите, докажано е дека редовното консумирање на оваа храна помага во решавањето на дигестивните проблеми како што се запек или гасови.
Смоквите содржат растителни влакна кои можат да помогнат во подобрување на здравјето на дигестивниот систем со тоа што ја омекнуваат столицата и служат како пробиотик.
Исто така, се верува дека редовното консумирање смокви може да го подобри здравјето на циркулаторниот систем и срцето. Имено, смоквите го намалуваат крвниот притисок и нивото на маснотии во крвта, што може да го подобри здравјето на циркулаторниот систем и да го намали ризикот од срцеви заболувања.
Една студија покажа дека екстрактот од смоква го намалува крвниот притисок кај стаорци со нормален крвен притисок, како и кај оние со покачени нивоа, пренесува Healthline.
Диететичарите нагласуваат дека редовното консумирање смокви го намалува ризикот од рак. Сепак, постојат групи на луѓе кои не треба да јадат смокви или барем треба да го минимизираат нивниот внес.
Тоа се првенствено луѓе со воспалителни болести на цревата во активната фаза на болеста, сите кои се подготвуваат за колоноскопија и оние кои се опоравуваат од операција на дебелото црево.
Диететичарите ги советуваат да го ограничат внесот или целосно да избегнуваат конзумирање на оваа храна. За нив смоквите може да предизвикаат тежина во стомакот, а доколку се јадат многу, стомачни болки и надуеност.
За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Седум причини зошто смоквите треба да ги вклучите во исхраната“ – ОВДЕ.
Седум причини зошто смоквите треба да ги вклучите во исхраната