За да се сочува првобитниот облик на алиштата, потребно е истите правилно да се перат.
Некои знаења сме ги стакнале од нашите мајки, а некои подоцна, но факт е дека сите грешиме во некои ситници бидејќи не се наведуваат во упатството на новите машини за перење.
1.Вишок детергент
Премногу прашок за перење, односно премногу пена може да се здржи на некои места како што се крагните.
Поради тоа, доаѓа до собирање на бактерии, што, секако, со перењето сакаме да го одбегнеме.
2.Рајсфершлуси и копчиња
Рајсфершлусите треба да се затвораат пред перење бидејќи на запците може да се закачи друга ткаенина и така да се оштетат. Додека пак, копчињата од кошулите е подобро да се остават откопчани.
3.Премногу избелувач
Избелувачите ја прават ткаенината помалку издржлива, затоа понекогаш пробајте го старото “готвење”: во голем лонец ставете неколку капки лимонов сок или неколку лажици сода бикарбона.
4.Перење на костими за капење во машина за алишта
Костимите за капење како и другата облека од спандекс и еластин, строго е забрането да се перат во машина за алишта. За нив е потребна само ладна вода и рачно перење.
5.И давате време на машината “да се одмори”
Некои домаќинки ја одмораат својата машина за перење алишта, погрешно мислејќи си дека неколку перења по ред би можеле да ја расипат.
Меѓутоа, попаметно е да се перат алиштата во неколку тури по ред, бидејќи со ваков пристап се овозможува користење и прераспределба на топлината од претходниот циклус, а со тоа се намалува потрошувачката на енергија.
6.Еден циклус перење за перници и ќебиња
Ако ги перете перниците со пердуви…
Ако ги перете перниците со пердуви и ќебињата во машина за перење алишта, исплакнете ги двапати: пердувите ја задржуваат пената и после едно плакнење детергентот може и натаму да остане.
7.Омекнувач за пешкири
Омекнувачите ја намалуваат моќта на ткаенините, па затоа не треба да се користат за пешкири. Обичен оцет е одлична алтернатива за било кој индустриски омекнувач.
8.Претерувате со преполнување
Нема потреба да се претоварува бубањот на машината: поради тоа се кинат алиштата и се расипува машината.
9.Погрешно перење на јакни полнети со пердуви
За да не се собираат пердувите во јакната при перењето ставете три тениски топчиња во бубањот.
Тие нема да дозволат пердувите да се групираат и ќе ја исфрлат целата пена.
10.Неправилно одржување
Почесто перете ја машината за алишта а не го заборавајте ниту делот за прашок и омекнувач кој кај повеќето машини се вади.
Бидејќи под него се таложат детергентите, па затоа овие делови треба почесто да се чистат.
Не ја затворајте вратата од бубањот после перење, дозволете и на машината да се исуши и проветри, а на тој начин ќе спречите појава на мувла и непријатен мирис.
За да го продолжите векот на својата домашна помошничка, неколку пати годишно вклучете го циклусот на 90 степени со додавање на оцет или лимонтос.