Користете јајца стари една недела
Општо правило е, кога купувате јајца за бојадисување за велигден, добро е тие да се стари неколку дена, бидејќи подобро се бојадисуваат и лупат подоцна. Ако веќе бојадисувате свежи јајца не заборавајте да додадете половина кафена лажица сода бикарбона во водата за варење.
Пред варење јајцата чувајте ги надвор од ладилникот
Два часа пред варење јајцата нека бидат надвор од ладилникот, така шансите за пукање се помали. Сепак немојте да ги оставате многу долго надвор, повеќе од 4 часа бидејќи има зголемен ризик да се расипат.
Помалку јајца во садот
Немојте да ставате многу јајца во садот за варење само за да заштедите време. Ставајте малку јајца во поголем сад, бидејќи така имате мал ризик да ви пукаат за време на варењето. Ако сакате да заштедите време, подобро користете два сада истовремено, отколку да ставате многу јајца во ист сад.
Лажицата со која ги вадите секогаш нека биде затоплена
Секогаш затоплете ја малку лажицата пред да ги допрете јајцата за да ги извадите, така го намалувате ризикот да ви пукне јајцето при самиот допир.
Овие совети можеби ги знае секоја искусна домаќинка. Но, сепак не е на одмет да се потсетиме.