-Еве како да спречите вашата омилена бела кошула да ја изгуби својата препознатлива боја!

Белата боја без двоумење е најуниверзалната боја кога станува станува збор за кошулите, но исто така тоа е и најтешката боја за одржување, особено ако ја носите секој ден во текот на работната седмица.

Како вашата кошула да доживее нова младост и да не доживее прерана пензија, објаснува и дава совети првиот човек на модната куќа Mr.Start, Филип Старт. Тој открива неколку корисни совети. Многумина модни експерти се сложуваат дека токму кошулите од овој бренд се најдобрите кои можете да ги купите.

НОСЕТЕ, ПЕРЕТЕ, ПА ПОВТОРНО НОСЕТЕ

“Перете ги вашите кошули секојпат после носењето. Моите клиенти често ми велат дека кошулите ги носат два или трипати пред да ги исперат. Такво нешто не препорачувам бидејќи на тој начин им овозможувате на разните дамки и нечистотија подолго да останат врз ткаенината, со што се отежнува нивното отстранување”- вели Старт.

За да остане кошулата блескаво бела, во машината за перење пред перењето ставете половина шолја бела винска киселина. Специфичната киселина од оваа течност има огромна моќ за отстранување на нечистотија, па отстранува дури и дамки од крв и вино.

ВЕ МОЛАМ, БЕЗ САПУН

И покрај фактот дека е потребно често перење на кошулата, во тие пригоди не би требало да користите сапун. Вишокот хемикалии од сапунот и детергентите можат само дополнително да ја ослабат ткаенината.

Детергентите во текот на перењто неколку пати доаѓаат во контакт со кошулата, па доколку ставите премногу, машината нема да може правилно да испере, што ќе влијае врз кошулата и ќе биде крута и сивкаста. Затоа внимателно одредете ја одговарачката количина на детергент кој ќе го користите за перење на кошулата.

ПРОДОЛЖЕТЕ ГО ЖИВОТОТ НА КОШУЛАТА

Најдобриот начин за да го продолжите рокот на траење на вашата кошула е поретко да ја носите. Доколку сте во можност купете повеќе кошули за да можете да ги менувате, доколку планирате често да ги носите.

Секогаш е подобро да се имаат неколку пара кошули, бидејќи така ќе го редуцирате бројот на носења на само едно парче, а како резултат на тоа, секогаш ќе изгледате чисто, свежо и уредно.

ИЗБОР НА КОШУЛА

Кога одите во шопинг на кошула, внимателно одберете ја ткаенината. “Ако под прстите почувствувате квалитет, веројатно тоа е квалитет. Колку квалитетот на ткаенината е подобар, толку кошулата ќе ја носите подолго” – смета лондонскиот моден креатор. Композитниот памук и твил ткаенината имаат способност подолго време да ја задржат постојаноста на бојата и формата на самата кошула.

ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ

Професионалното чистење на кошулите е најмалку применувано ршение, но воедно и најефикасно. Старт советува одвреме-навреме да ја однесете кошулата на хемиско чистење бидејќи така ќе си направите голема услуга.

После чистењето ќе добиете кошула без дамки, испеглана и испрана на правилен начин. Всушност, на овој начин, на кошулата ќе и продолжите “животот” и до неколку години.