Ерменски колачи со локум, посни и многу вкусни, се топат во уста…Еве што ви е потребно според рецептот на Јорданка Динева:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г брашно
5 г прашок за печиво
10 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
120 мл масло
120 мл вода (или бело/розе вино или пиво)
локум за фил (околу 100 г)
ПОСТАПКА:
Измешајте ги сувите состојки и додајте го маслото, како и половина од водата. Замесете го тестото со постепено додавање на преостанатата вода.
Треба да добиете многу еластично и нелепливо тесто. Обликувајте ги топчињата и полнете ги со фил. Печете ги 25 минути во претходно загреана рерна на 170 степени. Кога ќе подизладат посипете ги со шеќер во прав.