Греената ракија со мед е одлична комбинација која уште многу одамна се користи при настинки.

Ракијата која луѓето од Балканот сакаат да ја пијат со мезе, би можела да биде и одлично превентивно лековито средство во сезона на вирози и настинки. Ракијата особено станува лековита доколку се комбинира со мед.

Овој напиток најмногу е полезен во студените денови од годината, кога владее и сезоната на грипот.

Меѓутоа, Македонците како и сите останати народи од Балканот, уживаат во вкусот на ракијата преку целата година.

Аперитивот докажано делува релаксирачки врз организмот, но мора да се внимава да не се предозира, бидејќи поголеми количини може да влијаат многу штетно и опасно по здравјето на организмот.

КОМБИНАЦИЈА ПРОТИВ ВИРУСИ – ракија и мед

1 лажица мед или шеќер
200 мл ракија
100 мл вода
малку црн пипер

Постапка:

Во гезве ставете го медот или шеќер, па на оган да се растопи и карамелизира. Промешајте.

Додадете ја ракијата, а потоа разблажете со вода по желба, а ако ја сакате силна ракијата, не мора да додавате вода. Оставете да зоврие.

Сервирајте во чашички, додадете црн пипер, промешајте и полека пијте.

Ако за два дена не ви помуваат симптомите на настинката, најдобро е да се јавите кај вашиот лекар.