Може да се приготви и во посна варијанта како што предложи нашата драга читателка, наместо млеко да се стави газиран сок од портокал, струмка или по вкус, а наместо јајца да се стави банана или морков (на едно јајце ½ банана или 1 помала).
Овој рецепт е доказ дека убавите работи не мора да бидат тешко достапни.
Потребни состојки: 2 јајца, 200 г шеќер, 200 мл масло, 200 мл млеко, 200 г мелени ореви, 200 г гриз, 200 г брашно, 2 рендани јаболка (може и повеќе за поголема сочност), 1 кесичка прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 50 г џем од кајсии и 50 г сечкани ореви
Постапка: Во одговарачки сад пенесто изматете јајца, шеќер и ванилин шеќер.
Додајте масло, млеко, ореви, гриз и брашно кое сте го измешале со прашок за печиво. На крај додајте ги изренданите јаболка, па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех (20х35 см).
Печете на 190 степени до 35 минути. Печениот колач премачкајте го со џем од кајсии (или по вкус) и наросете со сечкани ореви.
Колачот исечете го на коцки и наредете на чинија која претходно сте ја наросиле со шеќер и цимет во прав. Ако сакате да ви е сочен колачот, тогаш прелијте го со малку шербет.
ВАШИ КОМЕНТАРИ: Коментар на Борјанка Арсова: “Може да се приготви во посна варијанта – наместо млеко се додава струмка (или друг газиран сок), наместо јајца се додава морков и банана, а сето останато е исто”