Многу вкусна пита, лесна за правење и брза.
Потребни состојки:
3 јајца
10 лажици брашно
1 прашок за печиво
200 мл јогурт
1 лажичка сол
+ 200 грама од нешто по ваш избор или комбинација од:
200 г сечкана пастрма или шунка, по желба
200 г фета сирење
200 г јунешко мелено месо
200 г спанаќ, коприва, зелје (по ваш избор)
Постапка:
Изматете ги јајцата, додадете јогурт и потоа постепено додавајте брашно измешано со прашок за печиво (јајцата се матат се миксер за да биде питата повоздушеста).
Потоа додадете која состојка ја сакате, но не повеќе од 200 г – јас ставив 100 г салама и 100 г сирење, па промешајте добро.
Плехот намастете го и набрашнете го (одберете помал плех за да ви биде повисока питата, а ако сакате потенка пита, тогаш печете во поголем плех).
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Рерната не ја отворајте за питата да не ви спласне. Кога убаво ќе зарумени и ќе почне да се одвојува од ѕидовите на плехот значи дека е готова.
Можете да ја послужите топла, но и ладна е превкусна.