Перењето алишта на 30 и 40 степени се смета за грешка, особено кога станува збор за долната облека. Експертите не советуваат да престанеме да ја правиме оваа грешка.
Најчесто шарената облека сите ја переме на 30 или 40 степени, поради сензитивноста на материјалот и секако, поради боите. Доколку алиштата после перење и сушење ги пеглате, тогаш нема причина за загриженост.
Но, доколку ги облекувате директно од сушилница или жица за сушење, прочитајте го следново:
Имено, температурата на перење од 40 степени е на самата граница, но 30 е критична, бидејќи многу бактерии, како што е Ешерихија коли, успеваат да преживеат и на 37 степени!
Значи, доколку облеката ја перете на пониска температура, бактериите можат лесно да се задржат на ткаенината и после тоа да се пренесат, а од топлината и влагата на вашето тело да се размножат и да ја забрзаат својата инвазија причинувајќи различни болести.
Бидејќи температурата од 40 степени е на самата граница, микробиолозите советуваат за секој случај алиштата да не ја перете на пониска од 60 степени, а особено да не штедете на перењето на детската облека.
Тие нагласуваат дека долната облека, пешкирите и кујнските крпи како и постелнината исклучиво и задолжително треба да се перат на 90-95 степени.