На многумина им е познат како „Црн колач без јајца“ или „какао коцки“, а сигурно ќе го најдете запишан во тефтерот на вашата мајка или баба.
Името на колачот и не е толку важно, бидејќи толку многу е вкусен и сочен, што единствено на што ќе мислите, е да земете уште едно парче.
Рецептот е многу лесен и брз, а колачот се подготвува од само неколку состојки кои сигурно веќе ги имате во кујна. Се пари од шеќер, брашно, јогурт и какао, а се прелива со чоколадна глазура и се декорира со шлаг или чоколадни струганици.
Има повеќе рецепти за овој колач, но сите се речиси идентични, а се разликуваат во мали нијанси. Ќе ви претставиме два од нив:
I РЕЦЕПТ на Милушка Гојковиќ:
„Драги мои, вчера би беа на гости децата, ручекот помина и мислев дека со готвењето се заврши. Ама, мојот внук посака десерт. Баба како и секоја баба, веднаш потрчав на „брзиве нозе“ и се сетив на овој лесен колач:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 180 г):
3 чаши шеќер,
3 чаши брашно,
3 чаши јогурт или кисело млеко,
1/2 или 1 чаша масло,
2 мали лажички сода бикарбона и
2 полни лажици какао во прав (јас додадов и една рака сечкани ореви).
ЗА ГЛАЗУРА:
100 г чоколадо,
100 г маргарин,
10 лажици шеќер и
100 мл млеко.
ПОСТАПКА:
Сите наведени состојки истурете ги во еден подлабок сад и заедно измиксајте ги со миксер додека да се добие хомогена смеса.
Матете не подолго од 5 минути, а доколку додавате сечкани или мелени ореви, нив додајте ги на крај и промешајте ги со лажица.
Подготвената смеса излејте ја во плех со средна величина, претходно намастен со путер, па ставете да се пече во добро загреана рерна на 180-200 степени, околу 20-тина минути.
Печениот колач избоцкајте го и додека е топол прелијте го со топла чоколадна глазура (сите наведени состојки се растопуваат на пареа или тивок оган). Вториот рецепт:
II РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 чаши јогурт (3х180 г),
300 г брашно,
250 г шеќер,
120 мл масло,
25 г какао,
2 лажички сода бикарбона и
путер за премачкување на плехот.
ЗА ГЛАЗУРА:
150 г путер,
150 г чоколадо за готвење,
120 г шеќер и
120 мл млеко
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад ставете јогурт, брашно, шеќер, масло, какао и сода бикарбона, па матете со миксер 2-3 минути. Смесата излејте ја во плех 20х30 см претходно намастен со путер и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
ЗА ГЛАЗУРА: Путерот растопете го, тргнете го од оган, па додајте чоколадо искршено на коцки, шеќер и млеко, па мешајте додека да добиете мазна смеса.
Колачот изладете го па прелијте го со чоколадната глазура. Колачот можете да го послужите со шлаг, а во сезона може да го послужите со бобинки по желба.