Едноставна и вкусна торта за 2 минути! Ќе ја правите секој ден… Се приготвува од состојки кои веќе ги имате в кујна, со додаток од портокал. Може да користите свеж сок од портокал, но може да употребите и сок од тетрапак или фанта. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 прстофат сол
150 г шеќер
120 мл масло
150 мл сок од портокал
рендана кора од портокал
220 г брашно
16 г прашок за пециво
џем од кајсии
кокос за посипување
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад изматете ги јајцата со прстофат сол и 150 г шеќер. Матете рачно со кујнска жица маталка, не предолго, па додајте сок од портокал. Потоа додајте го маслото и изедначете.
Потоа додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво, па кога добро ќе измешате да нема грутчиња, додајте ситно рендана кора од портокал. Смесата треба да изгледа вака:
Сипете ја во намастен и набрашнет калап со обраш 26 см (на дното обложен со хартија за печење). Протресете го и потчукнете го калапот за да излезат евентуални воздушни меурчиња и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути.
Печениот колач оставете малку да подизлади, па отстранете го обрачот и одозгора премачкјате го со џем. Посипете го со кокос и послужете го.
Топол или ладен, секако е многу вкусен, а свеж и мирисен останува до следниот ден, ако случајно ви остане. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.