Потребни состојки:
160 г бисквити мелени
100 г кокос
50 г путер
2 лажици мед
100 мл млеко
За крем:
1 литар млеко
100 г скробно брашно (густин)
100 г кокос
100 г шеќер во прав
1 кесичка желатин во прав
Постапка:
Бисквитите сомелете ги и помешајте ги со кокосот, растопениот путер, млекото и медот.
Калапот за торти (26 см) обложете го со хартија за печење, па ставете ја смесата на дното како подлога и израмнете. Оставете во фрижидер да се стегне.
За крем: помешајте шеќер во прав и густин, па додадете доволно млеко за да добиете густа каша без грутчиња, па подоцна додадете уште малку млеко.
Остатокот од млекото и косковото брашно ставете ги на оган и со постојано мешање додадете ја смесата со густинот. Варете со постојано мешање неколку минути додека да згусне.
Желатинот помешајте го со 4 лажици вода и оставете да набубри.
Растопете го па додадете малку крем и добро измешајте за смесата да биде хомогена. Додадете ја мешавината од желатин и крем во остатокот од кремот и добро измешајте.
Кога кремот ќе стане млак излејте го во калапот врз подлогата од бисквити и оставете во фрижидер неколку часови да се стегне.
Одозгора украсете со рендано бело чоколадо или кокосово брашно или едноставно оставете ја така. Вистинска снежна убавица.