ЕДНОСТАВНА ДУБАИ ТОРТА…Ако го сакате „Дубаи“ чоколадото, овој вкус ќе ви биде уште поубав…Њве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Кафеава кора:
125 г путер
150 г чоколадо за готвење
3 јајца
160 г кафеав шеќер
1 лажица екстракт од ванила
150 г брашно
20 г какао во прав
1/2 прашок за печиво (6 г)
1 прстофат сол

ФИЛ „ДУБАИ“:
300 г кадаиф
140 г путер
300 г крем од ф’стаци

БЕЛ ФИЛ:
250 г маскарпоне крем сирење
1 лажица шеќер во прав
60 г крем од ф’стаци
300 мл слатка павлака за шлаг
2 кесички шлаг

ГАНАЖ (чоколадна глазура):
150 г млечна чоколада
100 мл слатка павлака за шлаг

ПОСТАПКА:

Растопете го путерот и залијте го чоколадото, па мешајте додека да се растопи и соедини. Во друг сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, па кога ќе станат кремасти постепено сипете ја смесата од чоколадо и путер.

Потоа додајте просеано брашно помешано со какао и прашок за печиво, како и прстофат сол. Соединете ги состојките со миксер и смесата сипете ја во калап за торти 24 см обложен со хартија. Печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печениот бисквит оставете да се подизлади, па извадете го од калапот и отстранете ја хартијата. Потоа вратете го назад, а обрачот обложете го со хартија.

Кадаифот иситнете го со раце. Путерот растопете го во широка тава, сипете го кадаифот и пржете го додека да ја промени бојата. Претурете го во друг сад, додајте крем од фстаци и промешајте. Филот распоредете го и натапкајте го врз бисквитот.

Со лажица помешајте маскарпоне, шеќер во прав и крем од фстак. Додајте течна павлака и прашокот за пудинг па изматете со миксер додека да добиете фин крем. Распоредете го врз филот од кадаиф.

Тортата изладете ја во фрижидер, па залијте ја со чоколадна глазура (загрејте ги павлаката и чоколадото додека да се растопат и соединат, но внимавајте да не ви зоврие). Декорирајте со фстаци. Постапката погледнете ја ОВДЕ: