Понекогаш отстранувањето на спиците од кожата може да биде многу тешко, како тие најчесто се многу мали. Поголемите парчиња може да се отстранат со лента, пинцети итн. Но, малите може да се отстранат со овој едноставен и ефикасен трик.

БЕЗБОЛНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТРН (СПИЦА) ОД КОЖАТА

​Потребно ви е пластично шише и топла вода.​

Наполнете го шишето со топла вода, речиси до врвот. Местото во кое влегла спицата ставете го во отворот од шишето. Пареата од топлата вода ќе го отстрани трнчето.​

КАКО ФУНКЦИОНИРА?

Кога ќе го затворите отворот со прстот, односно со делот во кој навлегла спицата, внатре во шишето ќе се создаде помал притисок, а водената пареа ќе ги отвори порите со што извлекувањето ќе биде олеснето.

Негативниот притисок ќе го усмука трнчето и ќе го повлече надвор од кожата.

Овој трик успева само доколку отворот на шишето е целосно покриен со зафатената област. Ако спицата е заглавена во дел од прстот со кој не можете да го затворите отворот, побарајте некое шише со помал отвор.