Едноставен колач без миксер и без вага…Со чоколадо и мак, многу вкусен…

Овој едноставен колач е идеален за сите што сакаат да го одбегнат вагањето и миксањето, а комбинацијата од гриз, ореви, мак, чоколадо и јаболка е совршена…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
1 чаша гриз
80 г мелен мак (семе од афион)
1 чаша мелени ореви
3 рендани јаболка, исцедени од сокот
50 г растопено чоколадо
3 лажици суво грозје
цимет и рум по вкус
1 чаша брашно
1 кесичка прашок за печиво

За премачкување: џем од сливи
За посипување: мелени ореви

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат. Сипете млеко, масло, промешајте, па редоследно додавајте гриз, мак, ореви, јаболка, чоколадо, суво грозје и арома по вкус, а после секоја состојка промешајте со жица.

Најпосле додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и смесата оставете ја да отстои 15 минути. Потоа излејте ја во намастена и набрашнета тепсија 30 см.

Печете 30 -тина минутиво претходно загреана рерна на 200°C. Топлиот колач премачкјате го со џем и посипете го со ореви. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ: