Едноставен чоколаден колач за секој ден…Многу вкусен и мек, го јадеме уште додека е топол…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
8 г ванилин шеќер
70 г шеќер
60 мл масло
1 лажица лимонов сок
240 мл млеко
230 г брашно
14 г прашок за печиво
се пече 30 минути на 180 степени
За крем:
300 мл млеко
8 г ванилин шеќер
2 супени лажици шеќер
2 лажици скроб/нишесте/густин
2 лажици какао
ПОСТАПКА:
НАЈДОБРИОТ БРЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА…Мајка ми го нарекуваше „ЛЕЊА ПИТА“, а за мене е секогаш број 1
Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, па редоследно додајте ги останатите состојки. На крај додајте го просеаното брано помешано со прашок за печиво и промешајте со жица или шпатула.
Смесата сипете ја во во калап со средна големина обложен со хартија за печење и ставете да се пече 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот колач оставете да се олади.
За крем измешајте ги сите состојки во тенџере и ставете да се вари на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне.
Направете дупчиња во колачот и наполнете ги со кремот. Одозгора премачкјате го остатокот од кремот и посипете кокос. Оладете 10 минути во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ: