Едни ВКУСНИ РОЗИ со сирење…Ги правам и со локум и ореви и секојпат излегуваат превкусни…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г брашно,
1 прстофат сол,
1 прстофат шеќер,
3 јајца,
2 лажици масло,
1/2 коцка квасец и се мешаат со
250 мл млако млеко или лимонада…
ПОСТАПКА:
Се замесува фино меко, нелепливо тесто. Се покрива и се остава да ферментира додека убаво да го зголеми волуменот.
Откако ќе нарасне, го делам на 2 топчиња, ги покривам и ги оставам пак да одморат малку.
Потоа ги развлекувам во голема правоаголна кора и ги филувам со околу 250 г крем/свежо сирење, го правам и со локум и ореви, станува уникатен!
Исечете ги на парчиња со широчина од приближно 4 см и наредете ги во плех. Ставете да се пече во загреана рерна на 200° околу 20 минути….
За сирупот:
1.800 литри вода, 1 кг шеќер, две кесички ванилин шеќер, сок од половина лимон. Сирупот го варам 15-тина минути и оладените/млаки рози ги полевам со топлиот сируп на двапати! Од Анита Гагова
Ружички попарени со млеко, мирисаат многу убаво, се топат во уста!
Вкусни тулумби во вид на ружа кои се топат во уста – едноставна подготовка
Најубавиот рецепт за ОРАСНИЦИ и РУЖИЧКИ СО ОРЕВИ: Се топат во уста
РОЗИ СО КРЕМ: Беа хит на мојата слава, сите побараа рецепт – ова е најдобриот и наједноставниот…