Рецепт и видео презентација на Кујна Саби – пита со готови кори и сирење.
Ова е преубава пита со сирење и пропржен црвен кромид, вкусот и мирисот на питата не можам да ви ги опишам, ќе мора сами да се потрудите и да го вкусите ова совршенство.
Потребни состојки:
300-400 г кравјо сирење/урда, 1 главица црвен кромид, 450 г кори за пита и сол по вкус ако не ви е солено сирењето.
За прелив:
50 мл масло или путер, најмалку, а може и повеќе, 100 мл масло и 100 мл неутрална течна павлака.
Постапка:
Јас сама го приготвувам сирењето (урдата) од кравјо млеко, а ќе ни биде потребно околу половина килограм. Ако користите купечка урда или сирење, вкусете го, па по потреба посолете го. Се приготвуваат четири ролати со по три кори, па затоа филот поделете го на четири делови. Ако правите повеќе ролати, филот поделете го на онолку делови колку што ќе правите ролати.
За прелив: Во тенџерче со 50 г путер (или повеќе) додадете 100 мл масло, па на тивок оган растопете го да се соедини. Потоа додадете околу 100 мл неутрална павлака, промешајте и тргнете го садот од оган.
Во тава загрејте малку масло и една лажица путер, па пропржете го кромидот претходно ситно исечкан. Посолете по вкус. Динстајте го кромидот додека да застакли. Потоа додадете го во сирењето и убаво промешајте.
Отворете ги корите: првата кора премачкјате ја со преливот, па поклопете ја со втората кора, па и неа премачкајте ја со преливот (со 2-3 лажици). Ставете ја и третата кора, премачкјате ја со преливот, па на едниот крај нанесете од филот (една четвртина) со сирење. Краевите малку свиткајте ги за да не излегува филот од страните, па свиткајте го ролатот.
Приготвените ролати редете ги во малку намастен плех. Исечете ги на парчиња и одозгора премачкајте ги со преостанатиот прелив. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути. Оставете ги малку да подизледат па послужете ги. Деталите можете да ги погледнете во видеото: