Оваа торта едноставно е совршена и нема да погрешите доколку се одлучите да ја направите.

Потребни состојки:

150 г лешници
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици брашно

за крем:

6 жолчки
100 г шеќер
2 пудинг од ванила
2 лажици брашно
1 литар млеко
1 ванилин шеќер
250 г путер или маргарин
100 г шеќер во прав

и уште:

200 г нутела
150 г бисквити
100 г чоколадо за готвење
1 шлаг

Постапка:

Лешниците малку потпечете ги во рерна, изладете ги, па протријте ги низ дланките за да се излупат. Потоа сомелете ги крупно или само искршете ги.

Белките изматете ги во цврст снег, па додадете шеќер и матете додека да се растопи. На крај додадете го брашното и матете на најмала брзина за да се соедини.

Калап за торти 26 см намастете го со путер и наросете го со брашно, па на дното распоредете ги кршените лешници, па врз нив внимателно распоредете ја смесата од белки. Израмнете и печете 10-тина минути во загреана рерна на 180 степени, додека да добие малку боја. Оставете да излади. Потоа превртете ја кората, извадете ја хартијата и вратете ја повторно во калапот со обрач, така што лешниците да бидат одозгора.

За крем: 800 мл млеко ставете на оган. Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот. Додадете го прашокот од двата ванила-пудинзи, две лажици брашно и 200 мл млеко. Изматете да нема грутчиња, па смесата сварете ја во зовриеното млеко додека да згусне. Оставете на страна да излади со повремено промешување.

Путерот пенасто изматете го со шеќерот, па додадете го во целосно изладениот крем и измиксајте добро за да се соедини. Кремот поделете го на два дела. Чоколадото растопете го на пареа па изладете го и додадете го едната половина од кремот. Вториот дел останува жолт.

Нутелата малку загрејте ја на тивко за поленсо да се мачка, па внимателно премачкајте ја врз лешниците од кората. Бисквитите искршете ги (1 кекс на 4-5 парчиња) и наредете ги врз нутелата.

Потоа распоредете го жолтиот крем, убаво израмнете, па чоколадниот крем. Тостата оставете ја да се лади преку цела ноќ во фрижидер. Следниот ден извадете го обрачот и обилно премачкајте ја со шлаг. Украсете по желба, со малку наросени лешници.

Coolinarika.com