Во животот честопати се случува да се соочиме со проблеми за кои тешко можеме да изнајдеме вистинско решение. Се јавуваат дилеми и сомнежи, па се двоумиме околу правиот избор и едноставно не знаеме како да постапите во некоја таква животна ситуација.

Ако искрено сакате да го пронајдете решението за својот проблем или одговорот на прашањето кое долго време ве извачува, методот “Чаша вода” би можел да ви помогне.

Според некои авторот на овој метод е Хозе Силва, познат ширум светот благодарение на разработените комплексни психолошки тренинзи, за развој на човековата интуиција и моќта на потсвеста.

Според други, автор на овој метод е познатиот В.Зеланд и неговиот метод за концентрација на моќта со трансурфинг и насочување на реалноста со сопствени внатрешни сили.

Како и да е, методот “Чаша вода” е многу популарен ширум светот и го користат илјадници луѓе секојдневно. Со овој метод, како што се тврди, ќе го активирате “третото око”, за да можете да го користите во различни ситуации.

Користејќи ја техниката “Чаша вода”, вие всушност ја програмирате потсвеста на лесно решавање на своите проблеми. На почетокот техниката била конструирана така да секој човек да може самостојно и брзо да пронаоѓа излез од тешки ситуации. Но, исто така, оваа техника се користи и за исполнување на желби.

АЛГОРИТАМ НА ПРИМЕНА

Пред да одите на спиење наполнете една чаша со вода. Сега следи важен момент: потребни е во себе и гласно да го формулирате барањето. Мора да биде прецизно формулирано. Одбегнувајте неодреденост, само конкретност. Не го користете зборот “не”.

На пример, прашањето: “Зошто јас не можам да најдам пари за патување во странство?” – не е добро. Правилно би гласело: “На кој начин да добијам пари за патување во Париз?”. Ова е пример за прецизно и апсолутно конкретно прашање.

Или: “Сега барам решение за мојот проблем како максимално брзо и лесно да ги оставам цигарите?” или “Кое е за мене најповолното решение со проблемот за купување на куќа (автомобил)?

Или: “Како брзо и лесно да најдам работа со плата од 500 евра?” или “како да го решам проблемот (тој и тој) со својата сопруга (ќерка, син)” и т.н.

Земете чаша вода во раката, концентрирајте се, затворете ги очите, подигнете ги очните јаболчници малку нагоре и испијте половина од водата, повторувајќи притоа во себе:

“Тоа е сè што е потребно да направам за да го решам мојот проблем”.

Преостанатата половина од водата поклопете ја и одете мирно на спиење. Следното утро кога ќе се разбудите испијте ја водата со затворени очи, и повторно очите да ви бидат подигнати нагоре. Повторете го своето прашање без да го промените редоследот на зборовите (идентично како што сте го поставиле претходниот ден) и истата фраза во мислите: “Тоа е сè што е потребно да направам за да го решам мојот проблем”.

Можеби уште во текот на ночта или во текот на следниот ден во облик на просветлување или спонтани мисли, ќе ви се јави едноставното и очигледно решение за вашиот проблем.

Или, можно е во текот на следните неколку денови да наидете на ситуација кој ќе биде еден вид наговестување во кој правец е најдобро се движите понатаму. Телефонски повик, натпис во медиумите, неочекувана средба… Сето тоа може да биде клуч за решавањето на вашиот проблем.

Ако утрото сте се разбудиле со мисла дека имате пронајдено решение за вашиот проблем, тогаш испијте ја преостанатата вода и заблагодарете се за добиената помош.

КАКО ДЕЛУВА И ЗОШТО ОВАА ТЕХНИКА Е ЕФИКАСНА?

Многумина се запознати со фактот (што е и научно докажано) дека водата има памтење, односно поседува способност да прима и памти и да ги кодира информациите. Преку неа може да се влијае врз потсвеста, на човековото тело, на мозокот…

Кога човекот ја пие водата со затворени очи, мозочната активност се зголемува, а мозокот се обидува “да пресмета” што сте проголтале. Таквата зголемена активност отвора пат за ефикасно програмирање.

Феноменот на памтење и овозможува на водата да ги чува податоците. Водата наликува на нов компакт-диск на кој можете да направите било каков запис. На тој начин, обичната вода може да влијае не само на потсвеста, туку и на организмот на човекот (што е докажано со бројни научни истражувања, за подмладување и исцелување со помош на водата).

За секој нов проблем, потребно е да се повтори техниката. Можеби ќе бидете скептични во врска со овој едноставен метод, но голем број луѓе го користат во пракса. Имајте во предвид дека вашата потсвест може од вас да добие било какво прашање и на истото да даде јасен одговор.