Црниот дроб е многу важна жлезда во нашиот организам и воедно и најголемата жлезда кај цицачите која тежи повеќе од 2 кг. Некои промени на дланките можат да укажат на проблеми со црниот дроб, а лекарите тврдат дека постои начин да ги препознаете симптомитена болеста пред таа да стане сериозна.
Црниот дроб има улога во прочистување на ток-сините од телото кои ги внесуваме на различни начини, а лекарите откриваат дека постојат некои суптилни знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб.
Имено, доколку забележите дека рацете ви стануваат сè поцрвени или често ви отекуваат, потребно е веднаш да појдете на лекар и да го испитате црниот дроб. „Црвенилото на рацете се нарекува палмарен еритем и може да укажува на некоја болест на црниот дроб“, вели д-р Лин Постон, која додава дека овој симптом се јавува приближно кајчетвртина од луѓето кои имаат проблем со црниот дроб.
Д-р Џена Лифарт објаснува дека црвенилото на рацете се јавува поради вазодилатација на малите крвните садови во дланките, односно се прошируваат и ја зголемуваат количината на надојдената крв. Овој симптом може да биде поврзан со Вилсоновата болест, односно болест на црниот дроб која го оневозможува прочистувањето од бакар.
Исто така, црвенилото на дланките може да биде предизвикано и поради хематокроза, таложење на премногу железо во телото, или цироза, каде здравото ткиво се оште-тува, а црниот дроб не може лесно да се прочисти.
„Цироза е последната фаза од болеста на црниот дроб каде здравото ткиво се заменува со лузна, односно ош-тетено ткиво кое не може да се обнови и тогаш говориме за трајно ош-тетување на црниот дроб“, објаснува д-р Џена Лифарт.
Д-р Дејвид Бити вели дека црвенилото на дланките може да се јави на точно и прецизно определено место и открива како да го препознаете. Доколку се работи за болест на црниот дроб, црвенилото се јавува на месестите делови на дланката, под палецот и малиот прст.
Но, може да зафати и други делови на дланката. Главно, ова црвенило е симетрично и се чувствува блага топлина. Доколку ја притиснете кожата на местото на црвенилото, станува бела односно се губи циркулацијата.
Важно е да забележите дали циркулацијата веднаш се враќа по притисокот на дланката или е потребно време додека да се врати. Уште еден важен знак кој предупредува на болест на црниот дроб е треморот.
Тремор или неконтролирано тресење на дланките, потоа појава на оток, мод-рици, пребоеност на кожата со жолти линии како и деформираност на прстите односно свиткување. Важно е да се забележат симптомите веднаш, за да може полесно да се излечи состојбата.
Прочитајте и ова: Маслиново масло и лимон – лек за прочистување на црниот дроб и за слабеење
Ако сте постојано уморни колку и да се наспиете во текот на ноќта, а следното утро тоа влијае и на вашето расположение, потребно е да направите лек кој ќе ви даде енергија до небо и ќе ве крене од постела веднаш.
Оваа моќна мешавина има многу лековит бенефити, а се подготвува за помалку од 1 минута. Лимонот и маслиновото масло се одлични за прочистување на црниот дроб и протерување на каменот во бубрезите.
Овој лек ги стимулира цревата и го потпомага празнењето, ги прочистува кр-вните садови, помага во слабеење и уште многу други бенефити.
За лековите својства на маслиновото масло и лимонот знаеле уште и Старите Грци и Римјани. Поради нејзината лековитост, овој лек го нарекувале „течно злато“. Ја користеле за природно лечење на разни болести и состојби.
Ако постојано се чувствувате уморни, омалаксани и постојано ви се појавуваат мод-ринки по телото, тоа е знак дека сте постојано изложени на с трес, а на вашиот организам му е потребна целосна детоксикација.
Лимонот и маслиновото масло се користат за прочистување на црниот дроб и кр-вните садови. Благодарение на есенцијалните аминокиселини, цеденото маслиново масло служи како превенција за срцеви проблеми, ја подобрува циркулацијата, а воедно спречува и таложење на мастите во кр-вта.
Ако имате реума, гихт, болни зглобови или ревматоиден артритис, секојдневно кон-сумирајте ја оваа мешавина секое утро на празен стомак. Маслиновото масло и лимонот го намалуваат оксидативниот ст-рес.
Терапијата трае 21 ден, а се пие наутро на празен стомак. Исто се подготвува за слабеење, прочистување на кр-вта и црниот дроб, за ревматоидни болести и висок притисок, холестерол и триглицериди.
Рецепт: Потребни состојки: 1/2 лажичка сок од лимон, 1/2 лажичка маслиново масло. Состојките одат во сооднос 1:1.
Постапка: Во сад ставете го лимоновиот сок, а потоа додајте го маслиновото масло. Мешајте ја смесата со лажица околу 20 секунди и веднаш испијте. Лекот се пие свежо подготвен и затоа е најдобро да го правите секое сабајле, а подготовката нема да ви одземе повеќе од 1 минута.
Се пие на празен стомак по 1 лажичка, трипати во неделата. Деновите одберете ги вие, а терапијата трае 3 седмици (21 ден). Може да се дава и на деца, но во помала количина.
Доколку измешате лимон, маслиново масло и мед ќе добиете одличен рецепт кој смирува кашлица и го зајакнува имунитетот. Не го користете маслиновото масло и лимонот како средство за сончање.
Лимонот има фотосензитивно својство и може да и наште-ти на вашата кожа доколку ја изложите директно на сонце. Истото важи и за природните маски за лице од лимон кои треба да се користат исклучиво навечер, а наутро темелно да се исплакне лицето.
Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ – Чистење и лекување до темел
Сè што ќе изедете и испиете мора да помине низ црниот дроб, а доколку претерувате во јадењето и пиењето, автоматски го оптеретувате овој орган. Со текот на времето доаѓа до таложење на ток-сини во црниот дроб и таложење на масти, со што доаѓа до замастување на црниот дроб.
Чај од овес – лек за чистење на црниот дроб – рецепт
Потребни состојки: 150 г интегрален овес во зрно, 1,5 литар вода.
Постапка: Измијте го овесот со ладна вода, па ставете го во тенџере со 1,5 литар вода и варете го 20-тина минути. Тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете да излади 2-3 часа. Потоа процедете го и пијте го во текот на денот. За најдобри резултати, пијте овесна вода во текот на 2 месеци.
Најчестите симптоми кои можат да укажат дека нешто не е во ред со вашиот црн дроб се: замор, поспаност, општа слабост, ма-чнина, губиток на апетит и честа б олка во стомакот.
Кога болеста е напредната може да се јави жолтица, губиток на мускулна маса, отекување на екстремитетите, лош здив, склоност на кр-вавење, црвенило на дланките, намалена влакнатост, собирање вода во стомакот и слично.
Болестите на црн дроб може да влијаат и врз промена на менталните функции и да предизвикаат намалено ли-бидо, пореметување на мен-струланиот циклус и да влијае врз плод-носта.
Во зависност од степенот на ош-тетувањето, симптомите може да се јават, но и не мора, а нивниот интензитет може да бидат изразени во помала или поголема мера.
Замастен црн дроб
Ова е најчестото заболување на црниот дроб. Со оглед на тоа што дебелината зема залет во светот, сè поголем број луѓе имаат некое пореметување во вид на масен црн дроб.
Црниот дроб се замастува со прекумерна кон-сумација на масна храна, односно внес на премногу калории. Хронична воспалителна состојба на црниот дроб предизвикува масен хепатитис, а подоцна е хроничен, што доведува до цироза и други потешки заболувања.
Глуварче за лекување и регенерација на црниот дроб
Искуствата велат дека глуварчето е чудотворна билка кога станува збор за регенерација на црниот дроб. Најмногу го користат луѓе со замастен црн дроб. Чајот се пие трипати дневно.
Две лажички корен од глуварче се прелива со чаша зовриена вода и се остава неколку минути поклопено, па се процедува и пие.
Исто така и јаболковиот оцет се покажал како одличен за лекување на замастен црн дроб. Ги топи мастите и поттикнува сла-беење. Се приготвува во вид на напиток од млака вода (или млеко), една лажица јаболков оцет и лажичка мед. Се пие пред оброк, во период од неколку месеци. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска