Еден пријател од Шпанија ме научи како да направам многу вкусно јадење од брокула и карфиол!

Сите бевме изненадени од одличниот вкус…прсти да излижеш! Денес ќе истражиме вкусен рецепт за јадење од брокула и карфиол, кој ми го откри пријател од Шпанија.

Ова вегетаријанско јадење не само што е хранливо, туку и изобилува со вкусови кои ќе ги привлечат вашите сетила. Еве што ти е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

900 грама брокула
450 грама карфиол
5 супени лажици млеко
сол, по вкус
1 главица кромид
1 морков
1 пиперка
8 шери доматчиња
1 чешне лук
100 г рендан кашкавал

За прелив:
4 јајца
1 лажичка сол
5 супени лажици маслиново масло
2 чаши млеко (500 мл)
1 чаша (од 250 мл) брашно
свеж магдонос, копар

За сос/прилог:
2 лажици кисела павлака
2 лажици мајонез
1 чешне лик
копар

ПОСТАПКА:

Зеленчукот измијте го и исечкајте го на цветчиња. Во тенџере зовријте вода со малку сол и 2 лажици млеко. Сипете ја брокулата и гответе ја 3 минути. Во друго тенџере со зовриена вода, сипете сол и 2 лажици млеко и во него варете го карфиолот 5 минути.

На малку масло испржете го ситно сечканиот кромид и додајте го морковот (рендан или на коцкички). Динстајте додека да омекне. Додајте едно рендано чешне лук.

Брокулата и карфиолот исцедете ги и префрлете ги во огрноотпорен сад во кој сте го додале и динстаниот кромид и морков. Додајте пиперка исечкана на коцки или ленти, исечканите домати и убаво измешајте. Потоа додајте зачини по ваш вкус.

Во подлабок сад изматете ги јајцата со сол, масло и млеко, а потоа додајте брашно и добро изедначете да нема грутчиња. Ситно исечкајте магдонос и копар, па додајте ги во смесата со јајца. Преливот сипете го во зеленчукот, а одозгора наросете рендан кашкавал.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, половина час или колку што е потребно за да се потпече и добие убава заруменета боја. Додека се пече пригответе го сосот (само измешајте ги сите наведени состојки). Постапката погледнете ја ОВДЕ.