Навикнав веќе со години кога пдам на море да си носам и пантенол. Ништо не ги смирува изгорениците од сонце како што тоа го прави ова чудо.
Меѓутоа, малкумина знаат дека пантенолот е спас и за косата која се наоѓа во било која состојба.
Тајната е во тоа што овој производ содржи синтетски витамин Б5 кој се грижи за кожата, па така и за фоликулите на косата.
Пантенолот го користат луѓе поради хемотерапија кога ќе ја изгубат косата. Освен што поттикнува раст на косата, Пантенолот го враќа животот на оштетената коса.
ПАНТЕНОЛ ЗА КОСА – ПРИМЕНА:
1.Нанесете пантенол на влажна коса, по целата должина и не ја плакнете после тоа. Овој производ ќе ја обликува вашата коса.
2.Пантенол наместо пена за обликување на коса. Ова ќе ги зајакне фоликулите на косата и ќе влакната ќе ги направи мазни и еластични, а притоа ќе ја заштити вашата коса од високата температура при сушењето.
3.Втријте го пантенолот во коренот од косата. После еден месец косата ќе ви биде значително порасната и препородена.
ПАНТЕНОЛ МАСКА ЗА РАСТ НА КОСА
Потребни состојки:
1 жолчка
1 лажица рицинусово масло
1 лажица маслиново масло
1 лажица пантенол (од аптека)
Постапка:
Измешајте го маслото и жолчката па загрејте ги на пареа. Додадете пантенол во топлата, но никако врела смеса.
Нанесете ја маската на чиста коса и завиткајте ја со фолија целата глава. Оставете да делува најмалку еден час, а потоа исперете ја косата со обичен шампон.
Оваа маска правете ја двапати седмично и ќе забележите како косата ќе ви се препороди и ќе ви стане сјајна исто како од рекламите.