Рецепт: Душко Бонев

“За лек се прави напиток од зелен чај и 10 прачки цимет на 3 литра вода заедно сварено. Врши работа и обичниот цимет ама да не е мелен туку во прачки, во спротивно ќе добиете пивтија. Инаку проверено на повеќе блиски луѓе и на самиот себе.

Јас правам од филтер кесички. Значи во 3 литри вода се варат 10 прачки, 20 кесички зелен чај и 15 листа ловор, се вари 5-10 минути. Се лади, се става во шишиња во фрижидер и се пие по една голема чаша. Делува за шеќер и триглицериди. За три месеци се вратив во нормала” – го сподели своето искуство Душко Бонев за читателите на НМД.мк

Потребни состојки:

10 стапчиња цимет
20 филтер кесички зелен чај
15 ловорови листови
3 литри вода

Постапка:

Во тенџере со 3 литри вода се варат 10 стапчиња од цимет и 15 листови ловор околу 5-10 минути. Се исклучува од оган и се ставаат 20 филтер кесички зелен чај. Се поклопува и се остава да излади. Потоа се процедува и се складира во стаклени шишиња. Се чува во фрижидер. Употреба: Се пие секое утро по една голема чаша.

Чајот од ловоров лист и цимет освен за дијабетичари, погоден е и за слабеење

Приготвувајте го секој ден и нема да чувствувате сериозни налети од глад, ниту ќе се прејадувате. Со помош на овој чај ќе ја забрзате и подобрите дигестијата и ќе воспоставите добра перисталтика на цревата.

Како се користи ловоров лист за слабеење?

Доколку сакате да ослабете на здрав и природен начин, тогаш секој ден приготвувајте чај од ловоров лист и цимет.

Потребни состојки:

1 литар вода
5 цели листови ловор
2 стапчиња цимет

Постапка:

Во зовриена вода ставете ги ловоровиот лист и циметот. Оставете на тивко под капак да се готви 20 минути. Потоа садот тргнете го и оставете поклопено да отстои уште половина час. Потоа извадете ги листовите, процедете со цедалка и складирајте во стаклено шише.

Доколку вашата цел е да ги намалите вишокот килограми, тогаш целата течност треба да ја испиете во текот на денот. Се пие по една шолја пред оброк, на празен желудник, наутро, а остатокот распоредете го во текот на денот.

Со овој напиток ќе го забрзате метаболизмот, ќе го детоксифицирате организмот и нема да имате налети на глад во текот на денот. Чајот од ловоров лист и цимет е добар и за луѓе кои имаат висок шеќер во крвта, бидејќи го одржува под контрола.