Лековити се и плодовите и листовите и семето, а особено сокот и сирупот. Благодарение на танините и слузта поволно делува врз работата на цревата и спречува инфективни болести.
Дуњата е овошје на есента, вистинска витаминска бомба. Освен минимални калории и масти, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектини.
Од витамини најмногу има витамин Ц, но и голема количина каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2, како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур, хлор.
Семките од дуња содржат дури 15% масла и големи количини амигдалин, односно витамин Б17 кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танини, пектини, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протидом. Поради сето тоа дуњата е исклучително лековито овошје.
Лековити се плодовите и листовите и семето, а особено сокот и сирупот. Благодарение на танините и слузта, поволно делува врз работата на цревата и спречува инфективни болести.
Сокот од дуња сварен со иста количина шеќер лекува: кашлица, астма и акутна дијареа.
-печена или варена дуња се препорачува при воспаление на желудочна и цревна слузокожа, но и за лекување на анемија.
-чај од цветовите на дуњата помагаат во смирување на кашлица, а чајот од семето делува смирувачки и помага при несоници, а се користи и кај непријатен здив.
Дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, паткино, јунешко и месо од дивеч. Французите со векови прават сирење од дуњи кое се приготвува на следниот начин.
Потребни состојки:
2 кг дуњи
шеќер според измерена количина
шеќер во прав за валкање
Постапка:
Дуњите се варат со кора додека целосно да омекнат. Кога ќе се оладат се сечат а парчиња и се пасираат. Добиената маса се мери за да добие правата количина на шеќер (на 1,5 кг пире се додава 1 кг шеќер). Повторно се враќа на тивок оган и се вари 45 минути со постојано мешање. Потоа се става во соодветна тепсија, плиток стаклен сад и или чинии/калапчиња. Кога ќе се олади и стегне, се сече на коцки и се валка во шеќер во прав. Се чува на темно и суво место.
Ова сирење е силен извор на енергија, а може да се зема и како лек за подобрување на дигестијата. Не се препорачува на дијабетичари и дебели луѓе.