Ако ви е голема, преполовете ги состојките. Оваа количина ја правам за роденден.
Потребни состојки:
20 белки
20 лажици шеќер
8 лажици брашно
8 лажици мелени лешници
За фил:
20 жолчки
20 лажици шеќер
8 лажици брашно
1 литар млеко
500 г путер
250 г шеќер во прав
300 г кршени бисквити Плазма
300 г Милка чоколадо со јагода
100 г лешници
Декорација по желба
Постапка:
За корите со лешник: 5 белки изматете со миксер додека да добиете цврст снег, па постепено додадете 5 лажици шеќер.
Додадете 2 лажици брашно и 2 лажици мелени лешници, па со лажица лесно промешајте.
Излејте во калап 26 см обложен со хартија за печење и ставете во загреана рерна на 180 степени. Печете додека малку да зарумени.
Повторете ја постапката уште 3 пати, така да добиете 4 кори.
За фил со чоколадо и бисквити: изматете ги жолчките, шеќерот, брашното и малку млеко, а остатокот од млекото ставете го да се готви.
Во зовриеното млеко додадете ги приготвените состојки и гответе на умерен оган додека да згусне. Оставете да излади.
Путерот на собна температура пенесто изматете го со шеќер во прав, па додадете во изладениот крем.
Со лажица промешајте ги искршените бисквити и исечканото чоколадо. Важно е кремот да биде целосно изладен за да не го стопи чоколадото.
Редење:
Кора – фил – кора – фил – кора – фил -кора, а можете да декорирате по желба. Јас декорирав со шлаг, растопено чоколадо и шарени трошки.