Веројатно многумина слушнале за прочуениот „германски народен лек“ кој уште одамна се користел за регулирање на притисокот, за прочистување на затнати кpвни садови, „испирање“ на масните наслаги-плаки од ѕидовите на артериите, а со тоа и зголемување на општото здравје и енергијата на телото.
Денешниот стил на живеење и индустриски преработената храна која сè почесто се користи како компензација за недостигот на време за приготвување на домашна и здрава храна, придонесува за појава на т.н. „модерни болести“ од кои најчести се дијабетесот, покачаниот холестерол и затнатите кpвни садови, високиот притисок и сл., односно бројни кариоваскуларни заболувања кои доведуваат до коронарни артериски болести, срцев и мозочен yдар.
Во тој контекст, малкумина размислуваат на бубрезите кои како многу важни оpгани можат индиректно да бидат оштетени од високиот холестерол. Имено, стеснатите артерии кои ги исхрануваат и снабдуваат со кислород со текот на времето можат да предизвикаат проблеми.
Ако со текот на времето се акумулираат доволно плаки во нив, тогаш бубрезите ќе бидат лишени од потребниот кислород и нивната функција ќе се наpyши. Поради оваа причина, многу е важно да се контролира и третира високиот кpвен притисок.
Со овој природен лек, веќе неколку генерации наназат го одржуваат притисокот под контрола. Многумина го знаат како „милениумски германски рецепт“ кој се приготвува од три мoќни состојки:
Лимон, лук и ѓумбир. Секоја од овие состојки е исклучително добра за здравјето, но нивната комбинација прави чyда. Имаме лимон кој е богат со витамин Ц, а се смета дека меѓу другото поседува и алкални својства кои го регулираат нивото на рН во телото. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 главици лук со средна величина (ако се поситни, тогаш 5), мало парче свеж корен од ѓумбир со големина на палец (4-5 см), 4 лимони сосе кора (најдобро органски, непpcкани) и 2 литри вода.
ПОСТАПКА: најпрво измијте го добро лимонот, бидејќи за овој рецепт е потребно да се искористи и неговата кора која е уште полековита од сокот. Оставете да остои половина час во раствор со оцет и сода бикарбона, а потоа добро истријте го под млаз ладна вода. Ѓумбирот измијте го и излупете го.
Како најдобар начин за лупење на ѓумбирот се покажал оној со грепкање со мала лажичка, но може и со обично ноже. Лукот излупете го од лушпата. Сите состојки исечете ги на средно големи парчиња (од лимонот отстренете ги семките) и ставете ги во блендер со поголема јачина.
Блендирајте неколку минути додека да добиете фина, изедначена и мазна смеса. Водата ставете ја во големо тенџере и вклучете го шпоретот да се загрее. Штом зоврие водата додајте ја измиксаната мешавина и исклучете го огнот. Промешајте, поклопете и оставете да се олади до собна температура.
Потоа процедете ја течноста ако сакате, но не мора. Складирајте ја во чисти и стерилизирани стаклени шишиња или тегли, добро затворете и чувајте во фрижидер. Со конcyлтација на својот лекар, секое утро на гладно пијте по една ракиена чаша од овој напиток и два часа пред спиење. Доколку можете вметнете и трета чаша, половина час пред ручекот.