Тоблероне е вкусот кој буди слатки и вкусни емоции. Ви нудиме евтина варијанта на овој десерт, за сите сетила и генерации.
Потребни состојки:
150 г путер/маргарин
200 г чоколадо за готвење
2 лажици мед
200 г шеќер
200 мл кока кола
200 г бисквити
150 г сечени ореви
ЗА ГЛАЗУРА:
малку путер/маргарин
50 гр чоколадо
Постапка:
Калап во форма на триаголник се обложува со хартија. Ако немате, само поставете преграда од цврст картон накосо и дијагонално во правоаголен калап и добро обложете со проѕирна фолија.
Во тава на оган се става мешавина од кока кола, шеќер, маргарин и чоколадо.
Откако ќе се стопат и соединат се додаваат искршените бисквити, оревите и медот.
Смесата се изедначува и се става во калапот за колачи, па одозгора се прелива глазурата која ќе ја направите со маргарин и чоколадо растопени и соединети на оган.
Откако ќе се олади, исечете триаголници и украсете по желба.