ДОМАШНО КИСЕЛО МЛЕКО КОЕ СЕ СЕЧЕ СО НОЖ…
На интернет „велат“ дека најдобриот јогурт/кисело млеко е направен во глинен сад. Откако го видов овој сладок мал глинен сад од 2 литри, решив да ги заменам традиционалните тегли и да го испробам рецептот во него.
Првиот обид за цврст јогурт беше и повеќе од успешен.
Мајата која ја користев е исто така од домашно кисело млеко. Жената што ми ја даде редовно си подготвува и си чува за себе, за секоја следна ферментација, па така започнав и јас. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1.8 литри млеко
3 полни лажици маја
ПОСТАПКА:
На тивок оган сварив 1,8 литар полномасно млеко (колку да испари дел од водата), го изладив да не е жешко, туку млако (не користам термометар). Во посебен сад измешав 3 полни лажици маја со 2 лажици од млакото млеко.
Сѐ истурив во глинениот сад и го оставив 7 часа во малку загреана рерна без да го завиткувам. Ми требаше за таратор, па сакав да биде покисело, инаку го чувам на топло 5 часа.
Во недостиг на домашно свежо млеко, користев купечко, полномасно. Само ја загревам рерната и ја исклучувам! Садот има дебели ѕидови, топло е и млекото…Од Владка Владимирова