Потребни состојки:

400 г меко брашно

2 цели јајца

2 жолчки

1-2 лажици ладна вода

1 прстофат сол

Постапка:

Во плиток сад ставете го брашното. Во средината направете мало бунарче во кое ќе ги ставите јајцата, жолчките, солта и водата. На 100-150 г брашно отрилика оди 1 големо јајце. Ако јајцата се помали, ставете едно плус. Значи одокативно, за 200 г брашно оди 1 големо јајце, 1 жолчка и 1 лажица вода.

Со нож започнете го мешањето во кругови од средината кон надвор…

…А потоа продолжете да месите со рака.

Кога смесата ќе се поврзе, префрлете на работна површина и продолжете да месете со рака, додавајќи по потреба малку брашно, додека тестото да стане мазно и цврсто.

Поделете го тестото на пет делови исекој дел развлечете го во кора.

Корите оставете ги малку да се засушат за полесно сечење, (да не се лепат) околу 10-15 минути, зависи од топлината на просторијата, но не смеат да бидат пресушени за да не се кршат.

Развлечената кора свиткајте ако сакате како палачинка или како вие сакате, па сечете ја на тенки ленти, но ако имате машина за сечење, тогаш можете ова да го завршите и со нејзина помош.

Сеченото фиде распостелете го врз чист чаршав и оставете го да се суши околу 8 часа, во зависност од топлината на просторијата.

Потоа складирајте во кутии или платнени вреќички.