Многу вкусни, а едноставни, се приготвуваат само од неколку состојки.

Потребни состојки:

300 г меко брашно
250 г путер или маргарин
100 г шеќер во прав
1 кесичка карамел бонбони
3-4 лажици слатка павлака
250 г чоколадо по ваш избор

Постапка:

Путерот оставете го на собна температура, па кога ќе омекне пенасто изматете го со шеќерот во прав. Потоа додадете го брашното и убаво соединете за да се изедначи тестото.

твикс колачи

Добиеното тесто ставете го во фрижидер да се стегне околу два часа.

Потоа развлечете го и со помош на мала чаша или калап по ваша желба, вадете мали колачиња.

Редете ги врз плех обложен со хартија и печете ги во рерна загреана на 170 степени околу 10-тина минути. Остатокот од тестото повторно соберете го, ставете го кратко во фрижидер повторно да се стегне ако се опуштило од топлото, па повторете ја постапката, се’ додека да ви се потроши целото тесто.

твикс колачи

Карамелите ставете ги на тивок оган или на пареа, растопете ги заедно со неколку лажици слатка павлака, да добиете убав сируп со карамел. Врз секое колаче ставајте со лажиче и прекријте ја површината.

твикс колачи

Потоа растопете го чоколадото или направете чоколадна глазура по ваш вкус и прелијте преку карамелата. Тоа е тоа! Оставете да изладат и да се стегнат, па малите колачиња ТВИКС можете да ги послужите.

твикс колачи