Фото и рецепт: Marika Minic

Потребни состојки:

12 жолчки (тврдо варени)
12 лажици шеќер
425 г путер
2 прашок за печиво
2 ванилин шеќер
малку лимонов сок
4 шолји од 200 мл брашно
1 прстофат сол

Постапка:

Од сите наведени состојки во поголем сад се замесува мазно тесто. Од тестото се кинат топчиња со големина на орев.

Се редат во плех обложен со хартија и се печат на умерена температура (180-200 степени) додека да добијат убава жолтеникава боја.

Потоа внимателно се длабат во средината и се полнат со фил.

Фил:

Ронките од колачите што ги длабевме
1 филџан рум
џем од кајсии или праски
малку рендано чоколадо
2 шолји мелени ореви

Сето ова се меша и со добиената смеса се полнат празнините на издлабените колачи и се лепат по две. На тој начин се добива праската.

Обојување на праските:

1 чинија со вода, малку шеќер и рум.
1 чинија со вода и црвена боја за колачи и малку рум.

Едната половина од праската се потопува во едната чинија, а втората половина во втората чинија со црвена боја.

Потоа се валкаат во кристален шеќер.

Праски: (Фото и рецепт: Marika Minic)

Праски: (Фото и рецепт: Marika Minic)

Еве уште еден рецепт за праски:

ПРАСКИ: уживајте во изгледот а и во вкусот – се топат во уста!