I РЕЦЕПТ: Домашни пекарски кифли и ѓевреци – меки како душа. Фото и рецепт: Гордана Марковиќ
Потребни состојки: 500 мл млака вода, 1 свеж квасец (40 г), ½ лажичка шеќер, 2 лажици брашно, 500 г брашно тип 400, сенаменско, 2 лажички сол, 100 мл масло.
Постапка: Во половина литар млака вода додајте половина лажичка шеќер, 2 лажици брашно и издробениот квасец. Промешајте убаво да се растопи и оставете да се активира.
Брашното просејте го, па додајте сол, масло и активираниот квасец. Замесете го тестото и префрлете го на набрашнета работна површина. Веднаш на кујнската вага мерете парчиња од тестото по 75 грама за кифли, а за ѓеврек две парчиња по 50 грама.
Секое парче формирајте го во топче и оставете го 15-тина минути да одмори. Тестото за кифли се развлекува што потенко и со помош на дланката се свиткува во кифла. Тестото за ѓевреците со двете раце се развлекува во што подолг валјак и по два такви валјаци се преплетуваат и им се спојуваат краевите за да се добие круг.
Кифлите и ѓевреците се редат во намастен плех, одозгора се премачкуваат со јајце и се наросуваат со сусам. Се оставаат да отстојат 30 минути, па се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат, околу 20 минути. Печеното печиво се прска со малку вода.
Фото и рецепт: Гордана Марковиќ
II РЕЦЕПТ: Швајцарска плетенка мека и мирисна до соседното маало
Потребни состојки: 500 г брашно, 50 г путер, растопен и малку подизладен, 1,5 лажичка сол, 1 лажица шеќер, 1 коцка свеж квасец, 350 мл млако млеко. За премачкување: 1 жолчка, 1 лажица течна слатка павлака.
Постапка: Сувите состојки подгответе ги во еден посебен сад, а течните во друг сад, па потоа измешајте мазно тесто. Ако имате пекач за леб, ставете го тој да ви го измеси тестото.
По долго месење, удрете го тестото неколку пати од работната маса. Нека одмора на топло околу еден час време, па кратко промесете го и формирајте два долги валјаци (околу 70 цм). Средината нека биде малку подебела и кон краевите потенка.
Исплете ја плетенката и оставете ја околу 30 минути да нарасне. Премачкајте со една жолчка во која сте ставиле лажица течна павлака за да се добие на сјај. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Можете да проверите со тропкање на плетенката од долната страна. Ако звучи шупливо, плетенката е готова. Плетенката е вкусна и топла и ладна. Може да се замрзне како и кифлите, одлична е и следниот ден.
III РЕЦЕПТ: Меки како душа, лесни како пердув, толку се добри што морав 2 пати да ги правам
Потребни состојки: 1 квасец, 400 мл млеко, 200 мл вода, 3 рамни лажички сол, 1 лажица шеќерм, околу 850 г брашно. За прелив: 140 маргарин/путер, 3 жолчки, 1 лажица брашно. За премачкување: 1 јајце и семки по желба за наросување.
Постапка: Активирајте го квасецот со 200 мл топло млеко, шеќер и лажичка брашно. Додајте ги останатите состојки и замесете меко тесто, па оставете го да го удвои својот волумен. Надојденото тесто поделете го во 4 топчиња.
Посебно соединете маст, жолчки и брашно, па добро измешајте. Секоја топка развлечете ја во кора со величина од поголема чинија и премачкајте ја одозгора (сите четири кори).
Оставете половина час да се одморат, па спојувајте ги по две. Корите равлечете ги на набрашнета работна површина, рамномерно од сите страни. Тестото се развлекува со раце, а не со оклагија бидејќи од горната страна се премачкани, па не мора да биде многу тенко, но супер се развлекува.
Со помош на чаршав или крпа одоздола се свиткува кората како ролат, од двата краја (два ролати, зошто ако е еден ќе биде многу дебел), а потоа со нож се одвојуваат. Од една кора добивате два ролати.
Секој ролат се сече на еднакви делови, а добиените кифлички се редат во обложен плех со хартија за печење. Се оставаат да нараснат, па се премачкуваат со изматено јајце и се наросуваат со семе или семки по желба.
Се печат во загреана рерна на 180 степени и се печат додека да добијат румена боја. Постапката се повторува и со вториот дел од тестото. Од оваа мерка се добиваат два големи плеха од рерна. Тестото може да се филува и со сладок и со солен фил, а многу се вкусни и кога се празни.