Како да направите памук уштипци што не впиваат многу масло?
Ако барате проверен рецепт за домашни уштипци што излегуваат меки како душа, со нежна структура однатре и лесно крцкава кора однадвор – ова е вистинскиот избор.
Подготвени со едноставни состојки, овие памук уштипци се идеални за појадок, вечера или брз оброк, а одлично се комбинираат со сирење, кајмак или јогурт.
Овој рецепт е особено популарен кај љубителите на традиционална домашна кујна, но истовремено одговара и на модерниот начин на готвење – брз, економичен и практичен, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


📝 Потребни состојки:
• 500 г брашно
• 7 г сув квасец
• 1 лажичка шеќер
• 1 лажичка сол
• 300 мл топло млеко
• 100 мл вода
• 1 лажица масло
• масло за пржење


👩🍳 Постапка:
1. Во длабок сад сипете ги топлото млеко и водата, додајте го сувиот квасец и шеќерот. Оставете да отстои 5–10 минути додека квасецот се активира.
2. Во поголем сад додајте го брашното и солта, па сипете ја активираната смеса со квасец и маслото. Замесете меко, лепливо тесто. Покријте го и оставете да нарасне 1 до 1,5 час, додека да го удвои волуменот.
3. Загрејте масло во подлабоко тенџере на средна температура.
4. Нараснатото тесто не го мешајте повторно. Со лажица која претходно ќе ја натопите во масло, земајте од тестото и внимателно пуштајте го во загреаното масло со помош на друга лажица.
5. Пржете 2–3 минути, додека да добијат златна боја и да станат убаво надуени. Вртете ги рамномерно од сите страни.
6. Вадете ги на хартија за впивање за да се отстрани вишокот масло.
💡 Совети за совршени уштипци:
• Температурата на маслото е клучна – нека биде умерена за да се испржат рамномерно.
• Ако тестото е лепливо, тоа е знак дека уштипците ќе бидат меки и воздушести.
• Најдобри се кога се свежо приготвени.
🧀 Како да ги послужите:
• Со сирење или кајмак
• Со јогурт или кисело млеко
• Со домашен ајвар или мед (за слатка варијанта)
• Постапката погледнете ја во видео прилогот ТУКА.





































