Ако ги сакате ваквите обланди, тогаш пробајте ја и оваа верзија на Мара Јелавиќ. “Јас вака ги правам, малку е поразличен рецепт од бабиниот, модифициран е, но вкусот му е предобар” – вели таа.

Под нејзиниот рецепт можете да го прочитате и стариот бабин рецепт за приготвување на карамелот.

Фото и рецепт: Мара Јелавиќ Опачак

Потребни состојки:

1,2 литар млеко
700 г шеќер
8 лажици мелени бисквити и мелени ореви
125 г путер/маргарин
1 пакување обланди

Постапка:

Млекото и шеќерот се ставаат на оган да се варат на умерен оган околу 1,5 час. Пред крајот од готвењето се додава 8 лажици мелени бисквити и мелени ореви измешани заедно.

Сето тоа уште малку се вари, па се трга од оган и се додава половина коцка маргарин да се растопи во кремот и соедини.

Со млак фил се премачкуваат обландите. “Мене ми беше доволно фил за едно пакување обланди, па додадов уште еден лист за да го потрошам целиот фил” – вели Мара.

Стар рецепт за карамел обланди

Потребни состојки:

2 литри млеко
1 кг шеќер
100 г путер/маргарин
5 листови обланди

Постапка:

Млекото со шеќерот ги ставате да провријат на оган (на јачина 5), а потоа се намалува на тивко до умерено (на јачина 2 или 1), за да не испари нагло течноста.

Се готви подолго време и повремено се промешува додека да стане густо и да ја промени бојата во карамел. Некаде пред крајот се додава путерот и се промешува за да се изедначи. Се филуваат пет листови обланда со изладен фил.