Фото и рецепт: Ангелина Ангелеска
Потребни состојки:
4 јајца, 100 г шеќер, 200 г брашно, 1 прашок за печиво
За фил:
2 Пудинзи од ванила, 600 мл млеко, 2 ванилин шеќер, 150 г путер, 50 г чоколадо, 50 г шеќер
Постапка:
Прво се матат белките во цврст снег и постепено се додава шеќерот.
Се продолжува со матење со миксер и се додаваат жолчките една по една.
На крај се додава брашното и прашокот за печиво.
Се прават форми со шприц и се печат на хартија на 200 целзиусови степени.
За филот се варат пудинзите во млекото со шеќерот и ванилата.
Кога ќе се добие убава гистина се лади филот и се додава матениот путер.
Се филуваат додека се топли.
Филот што ќе остане за декорирање се дели на половина и во едната половина се става 50 г црно чоколадо.
Фото и рецепт: Ангелина Ангелеска