Home Посно јадење Домашни грисини со сусам, малку состојки, три плеха полни со грицки…

Домашни грисини со сусам, малку состојки, три плеха полни со грицки…

Домашни грисини со сусам – малку состојки, три плеха полни со грицки

Со само неколку основни состојки подготвувате три полни плеха крцкави грисини со сусам, кои по вкус потсетуваат на куповните, а се идеални за журки, дружења или долготрајно чување, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

300 ml пиво
400 ml масло
2,5 лажички сол
100 g сусам
850 g брашно
НМД

Дополнително:
1 јајце или посен мајонез (за посна варијанта)
маргарин (по потреба за посна варијанта)
сусам (по желба за посипување)

Постапка:

Во поголем сад истурете 300 ml пиво, па додајте 400 ml масло. Потоа сипете 100 g сусам и 2,5 лажички сол. Сите состојки темелно измешајте за да се соединат.

Постепено додавајте 850 g брашно: прво со лажица, а потоа замесете со раце. Кога тестото ќе се одвои од садот, истресете го на набрашнета површина.

Ќе ви требаат уште околу 100 g брашно за месење и развлекување, бидејќи тестото е масно и лесно се обработува.

Замесете го до хомогеност, па развлечете го со оклагја на дебелина од околу 0,5 cm. Исечете ги грисините по ваша желба – на пример, широки еден прст и долги 5–6 cm.

Вишоците замесете ги повторно и обликувајте нови грисини. Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Од наведената количина се добиваат три полни плеха.

Загрејте ја рерната на 220 °C. Грисините премачкајте ги со разматено јајце (или посен мајонез за посна варијанта), па по желба посипете со сусам.

Печете 20 минути додека да добијат златна боја. Оставете да се изладат целосно пред сервирање. Уживајте во крцкавите домашни грисини. Постапката погледнете ја ОВДЕ: