Потребни состојки:
360 г брашно
180 мл млеко
1 јајце
8 г прашок за печиво
50 мл масло
1/2 чајна лажичка сол
За наросување:
150 г густин
50 г брашно
Постапка:
Брашното и прашокот за печиво измешајте ги и додадете сол. Направете дупка во средината па во неа ставете јајце и со прстите разматете го.
Излејте млако млеко и масло па замесете меко тесто 5-7 минути да биде еластично и да не се лепи без додавање на брашно.
Во еден сад наросете многу малку брашно и ставете го тестото, покријте го со проѕирна фолија и оставете да одмора 30 минути.
Брашното и густинот спојте ги и добро промешајте. Тестото поделете го на 6 топки, секоја е тешка 108 г. Покријте со пластична фолија и оставете 5-7 минути да одмора.
Врз работната површина наросете една лажица од смесата со брашно и густин, ставете една топка, наросете и врз неа наросете со густин па со оклагија направете кора околу 20см.
Ставете ја првата, добро наросете со густин, па следната и врз неа обилно наросете. Со оклагијата без проблем ќе исукате кора. Продолжете со сукало.
Можете да ставате по две или три. Полесно се сукаат кога се повеќе.
Постапката иде брзо и без пукање.
Со четка исчистете го густинот од кората и истресете го.